Нашите кетеринг услуги можат да ги задоволат сите Ваши потреби, од послужување за деловни коктели, веридби и свадби, родендени,
без разлика дали се тоа прослави за деца или возрасни, до квалитетна домашна храна за семејни потреби и организирани дневни оброци за фирми,
сето тоа по врвни стандарди.
Секогаш сме отворени за соработка со клиентите за дизајнирање на уникатни и персонализирани менија,
комплетно различни од се дотогаш сработено, а сето тоа во склоп со Вашите визии и очекувања.
Сите оброк пакети вклучуваат главен оброк составен од месо/риба и прилог, салата и леб, спакувани во неповратна амбалажа со вклучен прибор,
а менијата се секогаш се прилагодени на Вашите потреби.
За останатите кетеринг услуги нудиме две варијанти за нарачка и тоа нарачка по ордевери - практичен и лесен начин,
од аспект на тоа дека Вие самите можете да си ја направите комбинацијата на храна која Вам Ви е најпогодна за настанот кој го организирате,
притоа водејќи се според буџетот кој претходно сте го одредиле и менија по лица - голем број на веќе предодредени менија,
но секако истите може да претрпат голем број на промени во меѓусебен договор.
Кетеринг услугата вклучува:
- Иницијална консултација
- Планирање на мени
- Извршување на договорената услуга
- Поставување и расчистување, со можност за вклучување послуга
вкусно. креативно. забавно.